Услуги
ИНВЕД нуди широка палета на услуги за деловен и технички развој
Долгогодишно искуство
Насочени кон зголемување на конкурентноста на претпријатијата и јавниот сектор преку советување и имплементација на бизнис и технолошки иновации, ви нудиме широка палета на услуги за деловен и технички развој:
Во сите свои услуги ИНВЕДА ви гарантира запазување на нормите за доверливост, интелектуална сопственост, запазување на рокови, професионална услуга и висок квалитет.
Поддршка на која можете да се потпрете
Нашите професионалци се ангажирани да ви помогнат во секој дел од процесот, за да го имплементирате проектот во предвидените рокови, како и да ги постигнете резултатите успешно и ефикасно. Со нашето искуство и експертиза, сме подготвени да ви помогнеме да ги надминете предизвиците и да ги искористите можностите за успешна реализација на вашите идеи. Вие можете да сметате на нас како на ваш партнер за поддршка во секој чекор од вашиот успех.
ИНВЕДА применува мулти-дисциплинарен пристап при планирањето и имплементацијата на иновативните решенија за унапредување на вашиот бизнис фокусирајќи се на вашите потреби и интегрирајќи го своето знаење со најдобрите технологии и пристапи достапни на пазарот. Користејќи проверени и најнови методи, алатки и пристапи за оптимирање на вашето работење, ИНВЕДА може да ви помогне да ја зголемите вашата конкурентност и ниво на техничко-технолошки развој.
ИНВЕДА поседува големо познавање на различните грантови шеми и искуство во подготовка, изработка имплементација и менаџмент на проекти. Доколку барате дополнителни извори за финансирање на вашите иницијативи на локално или Европско ниво, ИНВЕДА е вашиот вистински партнер.

