Креирање документи
Од изработка на истражувачки студии, компаративни анализи, до планови за комуникација, за родова еднаквност и комплетни проектни апликации, тука сме да го подржиме вашето работење.

Професионален пристап во создавање на документи
Без разлика дали сте профитна, невладина или јавна организација, ние сме ваш проверен партнер за стратешко планирање и анализи. Од изработка на истражувачки студии, компаративни анализи, до планови за комуникација, за родова еднаквност и комплетни проектни апликации, тука сме да го подржиме вашето работење. Специјализирани сме за креирање на документи за јавни политики: бели книги, студии на јавна политика, кратка политичка анализа на јавни политики, и политички меморандум. Тука сме да ви помогнеме во спроведувањето и генерирањето заклучоци од различни истражувања, како и мониторинг и евалуација на спроведени активности.
Големо искуство
Обезбедуваме стратешки согледувања за нашите клиенти базирани на микс на квалитативни и квантитативни истражувачки методи. Креираме планови и препораки базирани на докажани и влијателни аналитички пристапи.
Тим од експерти
Нашите експерти се со различна позадина и искуство на полето на бизнис равојот, иновациите, проектен менаџмент, собирање и анализа на податоци, јавни политики, комуникации, родова еднаквост, мониторинг и евалуација.
Навременост
Документите ги изработуваме навремено и со гарантиран квалитет. Нашите професионално изработени документи ги задоволуваат сите стандарди, од стручно подготвена содржина, до уредно форматиран документ.

Сервис од почеток до крај
Ви помагаме при секој чекор на планирање и следење на вашата бизнис трансформација. Ви помагаме при дефинирањето и спроведувањето на вашите истражувања, проектни апликации и комуникациски планови.
Тим на кој може да се потпрете
Креираме тимови согласно вашите потреби. Нашите експерти се посветени, темелни и насочени кон постигнување на најдобрите резултати за нашите клиенти. Дозволете да ви помогнеме во креирањето, имплементацијата и следењето на вашите планови и активности.

Подготвени за соработка?
Нека нашиот тим ви помогне во создавањето на несекојдневно искуство. Контактирајте нè денес и дозволете ни да го направиме вашиот настан нешто што сите ќе го запаметат долго по завршувањето. Ве очекуваме со нетрпение да работиме со вас!

