Организација на настани

Нашата мисија е да го трансформираме секој настан во предобро искуство, што ќе ги надмине вашите очекувања и ќе донесе одлични резултати.

Барате помош во организација на настани?

Добредојдовте на веб страницата на нашата компанија! Вистинското место со креативна тимска сила, специјализирана во делот на организација на настани, со цел остварување на вашите замислени идеи и концепти.

Megjunarodni konferencii

Нашата мисија е да го трансформираме секој настан во предобро искуство, што ќе ги надмине вашите очекувања и ќе донесе одлични резултати. ИНВЕДА е компанија која работи во делот на организација на настани со посветени професионалци. Од организација на корпоративни настани, тим билдинг, прием или свеченост за доделување на награди, ИНВЕДА нуди можност за идентификување на целната публика за секој вид на настан, заеднички формулирање на концепт и целосна логистика за спроведување и управување на еден настан.

Pres konferencija

Тимот на ИНВЕДА работи заеднички со вас од самиот процес на креирање на идеја за настан, преку следење на сите ваши потреби со целосна креативност и флексибилност па се до успешна имплементација и организација на настанот.

ИНВЕДА ви обезбедува:

Иницијално планирање на настан

Преку дефинирање на цели, визија, анализа и ефекти од настанот.

Дефинирање на настан

Цели, време, место, формирање на тим, акциски план.

Менаџирање на настан

Човечки ресурси, менаџирање на информации и активности.

Детално планирање на настан

Учесници, транспорт и сместување, избор на храна и пијалаци, дизјанирање на материјали, комуникација со медиуми, техничка поддршка, администрација.

Маркетинг план за настан

Развој на маркетинг план, промоција на настан, спонзорирање како дел маркетинг од настанот.

Тимот на ИНВЕДА ги обезбедува следните услуги:

  • Назначување на тим на одговорни лица
    формирање на тим на искусни експерти во оваа област кој ќе бидат во комуникација за време на целиот настан со клиентите како и хостеси, толкувачи и техничари
  • Угостителски услуги
    наоѓање на место за одржување на настанот и целосна поддршка во делот на угостителски услуги: кетеринг, кафе паузи, ручеци и вечери
  • Техничка опрема
    обезбедување на сите видови потребна опрема – конференциска опрема, аудиовизуелна опрема, опрема за симултано толкување
  • Сместување
    обезбедување на понуди за соодветни локации, резервации, регистрација
  • Експерти
    модератори, експерти поврзани со релевантни теми за вашиот настан, гости предавачи од државата и странство
  • Буџетирање
    предлог буџет, финансиско управување, изготвување извештаи
  • Превоз
    превоз на сите учесници од/до аеродром, хотел, место каде ќе се одржува настанот
  • Промотивни материјали и печатење
    дизајн и печатење на покани, беџови, флаери, банери, покани, списоци на учесници, натписи со имиња, папки, тетратки, пенкала

Креативност и иновации

Познати сме по нашата способност да интегрираме иновации и креативни решенија во секој настан.

Професионализам

Го почитуваме вашиот временски рок и се стремиме кон извонредност во секој аспект на нашата работа.

Индивидуален пристап

Секој настан е уникатен, и ние се посветуваме кон обезбедување на прилагодено решение што ги задоволува вашите потреби.

Подготвени за соработка?

Нека нашиот тим ви помогне во создавањето на несекојдневно искуство. Контактирајте нè денес и дозволете ни да го направиме вашиот настан нешто што сите ќе го запаметат долго по завршувањето. Ве очекуваме со нетрпение да работиме со вас!