Менторски сесии

Нашите искусни ментори се тука да ви помогнат побрзо и поефикасно да ги дефинирате и постигнете вашите цели за раст на лично и организациско ниво.

Дозволете да се погрижиме за растот на вашата организација

Нашиот пристап кон менторството, базиран на личен раст и учење низ размена на знаење, го забрзува само-развојот, напредокот во кариерата и севкупната самодоверба.

Нашето искуство

Нашите искусни ментори се тука да ви помогнат побрзо и поефикасно да ги дефинирате и постигнете вашите цели за раст на лично и организациско ниво. 

mentoriranje-zhivo

Менторирање во живо

Преку нашата менторска програма имате можност да стапите во контакт со искусни бизнис ментори, етаблирани ескперти од различни области, како и лидери од индустријата, академијата и претприемништвото. Менторството во живо е одлична можност за брз фидбек што е особено важно при справувањето со новите предизвици. Организираме 1:1 менторски сесии како и менторски кругови со повеќе учесници. Нудиме можност за взаемно учење, вмрежување и долготрајни професионални релации. Контактирајте нé за да дознаете повеќе и да станете дел од нашата менторска програма!

Онлајн сесии

Искористете ги предностите на е-менторството и придружете ни се на нашите онлајн сесии. Организираме тематски мастермајнд групи кои вклучуваат грижливо дефинирани теми за онлајн обука и дискусија.

Нудиме можност за учење, соработка и размена на добри практики преку дедицирани peer-to-peer вебинари. Организираме индивидуализирани е-менторски сесии за менторските парови кои не се во можност да се приклучат на менторската програма во живо.

mentoriranje-onlajn

Подготвени за соработка?

Нека нашиот тим ви помогне во создавањето на несекојдневно искуство. Контактирајте нè денес и дозволете ни да го направиме вашиот настан нешто што сите ќе го запаметат долго по завршувањето. Ве очекуваме со нетрпение да работиме со вас!