Intelektualna sopstvenost

Онлајн курс за интелектуална сопственост

Вид на курс
Број на сесии
Времетраење

Овој онлајн курс е наменет пред се за претставниците на компании кои сакаат да ги унапредат своите знаења во пет модули:

  • Модул 1 – Комерцијализација на интелектуалната сопственост | 52 минути
  • Модул 2 – Договори за интелектуална сопственост | 55 минути
  • Модул 3 – Договори за неоткривање (доверливост) | 19 минути
  • Модул 4 – Лиценцирање технологија | 31 минути
  • Модул 5 – Управување на интелектуалната сопственост при отворените иновации | 23 минути
Придонес кон развој на знаења, вештини и способности

Онлајн курсот за интелектуална сопственост обезбедува информации за:

Модул 1 – Комерцијализација на интелектуалната сопственост

Целта на овој модул е да ги адресира овие аспекти на комерцијализацијата на интелектуалната сопственост.

Модул 2 – Договори за интелектуална сопственост

Јакнењето на капацитети е наменето за македонските мали и средни претпријатија, за учесниците и кандидатите за проекти финансирани од ЕУ и за македонските иновациски чинители, со цел зголемен пренос на интелектуалната сопственост во националниот иновациски еко-систем. Модулот се фокусира на најчестите видови договори за интелектуална сопственост, проследен со релевантни практични примери за илустрација на начинот на подготовка на овие договори.

Модул 3 – Договори за неоткривање (доверливост)

Целта на овој модул е да појасни кога и зошто се користат NDA-договорите и кое е значењето на некои од клучните одредби што најчесто се применуваат.

Модул 4 – Лиценцирање технологија

Овој модул се фокусира на најзначајните аспекти поврзани со лиценцирањето технологија од други организации, обезбедувајќи преглед на прелиминарните чекори и практичните сугестии што треба да се следат при подготовката за преговарањето на поврзаните договори за лиценца.

Модул 5 – Управување на интелектуалната сопственост при отворените иновации

Целта на овој модул е да ја прикаже важноста на моделот на отворени иновации како можност за малите и средните претпријатија и за истражувачките организации, а воедно да укаже на најзначајните аспекти што треба да се земат предвид при управувањето на интелектуалната сопственост при процесот на иновирање преку отворени пристапи.

Содржина на програмата

Видео со презентација на информации со вклучени визуелни елементи

Можност за добивање на сертификат за учество по завршен курс

Ви се допаѓа курсот? Аплицирајте денеска!