ИНВЕДА во организацијата на EWA Македонија 2025 – Пичинг и демо ден за жени иноватори во земјоделско-прехранбениот сектор

ИНВЕДА обезбеди организациска и логистичка поддршка во реализацијата на настанот EWA Македонија 2025 – Пичинг и демо ден , организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) во рамки на програмата Empowering Women in Agrifood (EWA), поддржана од EIT Food.
Настанот претставуваше финална активност од шестмесечната програма насочена кон поддршка на жени иноватори и претприемачи во земјоделско-прехранбениот сектор, чија цел е да го поттикне развојот на иновативни идеи, да ги зајакне претприемачките капацитети и да овозможи пристап до менторска и финансиска поддршка.
Во рамки на завршниот настан, учесничките ги презентираа своите бизнис концепти и иновативни решенија преку пичинг презентации пред стручно жири составено од претставници на претприемачкиот и иновацискиот екосистем. На крајот на настанот беа доделени две финансиски награди – 10.000 евра за прво место и 5.000 евра за второ место, обезбедени преку програмата EWA и поддршката од EIT Food.


Како компанија со искуство во организација на настани, управување со проектни активности и координација на партнерски иницијативи, ИНВЕДА обезбеди сеопфатна организациска и оперативна поддршка за успешна реализација на овој настан.
Поддршката на ИНВЕДА опфати повеќе сегменти од подготовката и спроведувањето на настанот, вклучувајќи:
• координација на организациските активности помеѓу партнерските институции, организаторите, менторите и учесничките во програмата
• подготовка и структурирање на агендата на настанот, вклучувајќи ги сесиите за презентации, говорите и финалното прогласување на победниците
• логистичка подготовка на просторот за одржување на настанот, вклучувајќи техничка опрема, презентациски услови и сценска организација
• координација на регистрацијата на учесници, гости и претставници на институции и организации од иновацискиот екосистем
• подготовка и дистрибуција на информативни и промотивни материјали поврзани со програмата и настанот
• организациска и техничка поддршка за време на pitching презентациите, со цел непречен тек на програмата и навремена координација на сите активности
• поддршка во организацијата на networking сегментите и интеракцијата помеѓу учесниците, менторите и претставниците од бизнис и иновацискиот сектор


Настанот обедини претставници од претприемачкиот и иновацискиот екосистем, ментори, институционални партнери и жени претприемачи, создавајќи динамична средина за размена на знаења, идеи и искуства.
Меѓу претставените проекти се најдоа иновативни решенија насочени кон одржливост и циркуларна економија во земјоделско-прехранбениот сектор. Првата награда од 10.000 евра беше доделена за проект кој се фокусира на производство на полуготови прехранбени производи преку искористување на секундарни суровини и земјоделски нус-производи, со што се придонесува кон намалување на отпадот и поодржливо производство. Втората награда од 5.000 евра беше доделена за иновативен концепт за развој на биоразградлива биопластика базирана на комбуха како еколошка алтернатива на традиционалната пластична амбалажа.


Преку поддршка на вакви иницијативи, ИНВЕДА продолжува да придонесува кон развојот на иновацискиот и претприемачкиот екосистем, обезбедувајќи организациска експертиза, координација на активности и логистичка поддршка за реализација на настани и програми насочени кон поттикнување на иновации, одржлив развој и претприемништво.


