ИНВЕДА дел од организацијата на Меѓународната конференција Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR
ИНВЕДА со својот тим беше вклучена во организацијата на настан Меѓународна конференција Breaking circular economy barriers – GO CIRCULAR која се одржа во Хотел Dоuble Tree by Hilton. Преку идентификација на целниот аудиториум, осмислување на концепт за настанот, планирање на логистика и координирање на техничките аспекти ИНВЕДА беше дел од организацијата на оваа конференција. Нудејќи ги своите услуги пред и за време на настанот ИНВЕДА им помогна на организаторите Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Фондација Претприемачки Сервис за Млади да организираат интернационален настан за повеќе од 10 експерти.
Во последниве години, воведени се европски и меѓународни политики кои имаат за цел да ја имплементираат циркуларната економија, како што се Целите за одржлив развој, Акциониот план за циркуларна економија, Европскиот зелен договор и Европската стратегија за пластика. Акциониот план за циркуларна економија на ЕУ забележува дека е невозможно да се постигне климатска неутралност до 2050 година без транзиција кон целосно циркуларна економија.
Токму затоа на овој настан се зборуваше на интересни теми на кои се зборуваше поблиску со искуствата на панелисти во делот на:
- Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан
- Стратегии за циркуларни градови
- Успешни приказни на проекти и компании
- Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии






















