ИНВЕДА ја поддржа организацијата на Македонско-турски деловни средби со жени претприемачи од Стопанската индустриска комора на Кочаели
Брзиот развој на настаните доведе до формирање на препознатлива индустрија. Како расте потребата за организирање настани кај компаниите, организациите и институциите, како се зголемуваат буџетите за настани и логистиката станува посложена, така се појави потребата за квалификувани професионалци и можности за вклучување на повеќе лица во оваа област.
ИНВЕДА ја нуди својата стручност и експертиза за осмислување и организирање високопрофитни настани кои најдобро одговараат на барањата на клиентите и специфичната ситуација и потреба.
Со својот тим ИНВЕДА учествуваше во организација на Компаниска мисија и деловни средби со жени претприемачи од Македонија и Турција на 31.10.2022 година, овозможувајќи им соодветна логистика на организаторите на овој настан. Настанот беше организиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Стопанската индустриска комора од Кочаели, Република Турција, а со поддршка на Европската мрежа за бизнис можности – (ЕЕН мрежа).
На Македонско-турските деловни средби присуствуваа 15 компании од Република Турција и претставници од околу 35 компании од земјава.
Регионот на Кочаели е познат по производство на производи од металната и автомобилската индустрија, индустријата за камен и земја, а најпознати се по хемиската индустрија со учество од 28% од вкупното производство. Индустријата на Кочаели индиректно поврзува и научно истражувачки центри како Универзитетот Кочаели, Универзитетот Сабанџи, Истражувачкиот центар Мармара, Технолошкиот институт Гебзе, TÜBİTAK, Технопарк, но и многу други истакнати институции и организации, кои го прават овој регион главен центар за научно истражување и развој.
Оваа компаниска мисија се организира во рамки на европската мрежа за бизнис можности која е најголемата мрежа наменета за подршка на малите и средни компании, (ЕЕН мрежата), а главна цел е поддршка на малите и средните бизниси во земјава и пошироко, со можност за интензивирање на бизнис-релациите со цел поефикасна соработка на жените претприемачи од Република Турција и од Република Македонија.
По завршувањето на пленарниот дел се одржаа и деловните средби каде се остварија контакти и се разменија искуства помеѓу жените претприемачи од двете земји.




















