Ko 7079 2048x1365

ИНВЕДА вклучена во организацијата на конференцијата „ТвинТек Конект 2025“

Screenshot 2026 03 10

На 28 мај 2025 година во Public Room во Скопје се одржа конференцијата „ТвинТек Конект 2025 – иновации, трансфер на технологии и вмрежување“, на која присуствуваа претставници од јавниот сектор, академската заедница, истражувачките организации и бизнис секторот. Конференцијата беше организирана од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia.

ИНВЕДА како компанија која е специјализирана во организација на корпоративни настани го понуди својот широк спектар на услуги за организација на настан од ваков вид.

Услугите вклучуваа:

Планирање и координација:

  • Развивање на детален план за настанот
  • Координација со организаторите и различни добавувачи
  • Управување со временски рамки и рокови

Локација и логистика:

  • Поддршка при избор и организација на локацијата за настанот
  • Координација на просторот и потребната опрема

Техничка поддршка:

  • Координација на аудиовизуелна опрема
  • Поддршка за презентации и панел дискусии

Регистрација и координација на учесници:

  • Поддршка при организација на регистрација на учесници
  • Координација на агендата и текот на настанот

Со своето искуство во организација на настани, ИНВЕДА обезбеди логистичка и организациска поддршка за успешна реализација на конференцијата, придонесувајќи за создавање платформа за размена на знаење, идеи и партнерства во областа на иновациите и трансферот на технологии.

Similar Posts