ИНВЕДА вклучена во организацијата на конференцијата „ТвинТек Конект 2025“

На 28 мај 2025 година во Public Room во Скопје се одржа конференцијата „ТвинТек Конект 2025 – иновации, трансфер на технологии и вмрежување“, на која присуствуваа претставници од јавниот сектор, академската заедница, истражувачките организации и бизнис секторот. Конференцијата беше организирана од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР, во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network Macedonia.




ИНВЕДА како компанија која е специјализирана во организација на корпоративни настани го понуди својот широк спектар на услуги за организација на настан од ваков вид.
Услугите вклучуваа:
Планирање и координација:
- Развивање на детален план за настанот
- Координација со организаторите и различни добавувачи
- Управување со временски рамки и рокови
Локација и логистика:
- Поддршка при избор и организација на локацијата за настанот
- Координација на просторот и потребната опрема
Техничка поддршка:
- Координација на аудиовизуелна опрема
- Поддршка за презентации и панел дискусии
Регистрација и координација на учесници:
- Поддршка при организација на регистрација на учесници
- Координација на агендата и текот на настанот
Со своето искуство во организација на настани, ИНВЕДА обезбеди логистичка и организациска поддршка за успешна реализација на конференцијата, придонесувајќи за создавање платформа за размена на знаење, идеи и партнерства во областа на иновациите и трансферот на технологии.
